Николоски: Главен виновник за недобивање на датум за почеток на преговорите е Зоран Заев и СДСМ

Јас уште минатата година кога го добив сознанието за создавање на група помеѓу Македонија и Албанија уште тогаш апелира. За жал година ипол после тоа сите зборуваат за таа работа, но пред година ипол ми беше говорено дека е научна фантастика. Значи првиот и по мене стратешки најкрупен проблем е што Македонија влезе во иста група со Албанија наместо да оди во пакет со Србија и Црна Горан, кои што веќе преговараат, изјави Александар Николоски гостувајќи во емисијата 10 минути на ТВ21.

Николоски додаде дека втор голем проблем е што СДСМ и Заев сметале дека може да добијат датум за почеток на преговорите само врз основа на потпишување на преспанскиот договор, а притоа без да направат некоја суштинска реформа во борба со корупцијата, владеењето на правото и лошата македонска економија.

-Второ е што размислувањето на владата беше доволно е да го смени името врз основа на капитулантскиот преспански договор и не мора ништо да работи дома и само поради тоа ќе биде наградувана и може да прават што сакаат дома, дека никој нема да го забележи тоа само заради Преспанскиот договор. Се покажа дека не е точно и трето масовно распостранетата корупција, немањето никаква волја за борба со корупцијата и целосниот колап на правосудниот систем во делот на владеењето на правото, секако тука е и економијата и кога ќе го ставете сето ова на купче немаме одлука за почеток на преговорите, вели Николоски.

Според Николоски македонската влада не смеела да дозволи Македонија да биде во ист пакет со Албанија потенцирајќи дека тој претходно објавил за едне таен договор помеѓу Османи и Бушати за создавање на оваа група, каде што Македонија излегла како поразена односно како што рече Николоски после година ипол ги плаќаме цената и последиците од ваквиот чекор.

-Јас мислам дека македонската влада не ни смееше да дозволи да биде во иста група со Албанија а го одработи обратното, односно преговараа  и договараа на највисоко ниво. Јас тоа минатата година го споделив тоа дека постоеше еден таен состанок каде што падна договор помеѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и тогашниот министер за надворешни работи на  Албанија, Дитмир Бушати за создавање на оваа група. Оваа група беше одличен дипломатски потег за Албанија и катастрофален дипломатски потег за Македонија. Година ипол после тоа ние ги плаќаме цената и последиците и наместо владата да работи на раздвојување владата ниту еден збор нема кажано против раздвојување, кажа Николоски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
<