Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар: Зоран Заев кажа дека имате проблем со срцето, со душата и со петите, што очекувате Европа да одлучи во однос на датумот?

Одговор: Претпоставувам дека таков тип на хумор и филозофско изразување на господинот Заев го разбира само он и малкумина околу него. Јас навистина не разбирам што сака да каже, но очекувам човек кој што е премиер на владата да биде малку повеќе сериозен и наместо несфатен хумор да се занимава со реал политика и да ги решава реалните проблеми на нашите сограѓани и толку поврзано со тој тип на хумор кој што претпоставувам само тој го разбира и никој околу него.

Вториот дел од вашето прашање беше што очекуваме. Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме да добиеме чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ. Иако ќе кажам оваа влада најмалку го заслужува, сепак граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Се што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување на преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата која што ја предводи Зоран Заев.

Ние гледате внимаваме како се однесуваме целиот овој период, не само сега овие неколку дена, туку започнувајќи можеби од претседателските избори па наваму бидејќи свесни бевме дека некои политики нема да наидат на одобрување на јавноста имајќи ги во предвид на погрешните политики кои ги води Зоран Заев и оваа влада. Голем дел од јавноста очекуваше можеби и поагресивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум свесен за сето тоа. Но, во тој момент државниот интерес и она кое што се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет и еве како што гледате денеска ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓу решение ВМРО-ДПМНЕ е резервирано и апелира да се добие чист датум за отпочнување на преговори со Европската унија и се што е ќе повторам надвор од чистиот датум ќе претставува целосно делигитимирање на овие камиказа арамиски политики на Зоран Заев и очекуваме во најскоро време формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори.

Прашање новинар: Господине Мицкоски, премиерот од Куманово ве нарече бандит кој само формално се откажал од хидроцентралите. Ваш коментар за неговата изјава?

Одговор: Тоа е под ниво да се коментира, но во интерес на јавноста ќе дадам еден краток коментар. Човек кој што губи, човек којшто е уплашен бидејќи месеци не делат од денот кога ќе понесе одговорност тој за неговите политики, навредува. Не е само тоа навреда, тој добро знае какви се навреди тој и неговите блиски имаат упатено кон мене и кон моето семејство. Јас не би сакал да ја оптеретувам јавноста со таквиот тип на ниски и приземни коментари, јас му простив но законите и Уставот и граѓаните нема да му простат, а одговорноста доаѓа веднаш после катастрофалниот пораз на следните предвремени парламентарни избори. Одговорноста доаѓа и од одговорноста нема бегање. Тоа ќе му го препорачам на господинот  Заев.

Прашање новинар: Вчера владата објави ново ниво на минимална плата и мерки за фирмите да можат да ги исплаќаат овие суми, бизнисот од друга страна алармира дека ќе се делат откази и дека одредени мали фирми ќе се затворат, што мислите вие?

Одговор:  Две работи се карактеристични од вчера до денес, но ако го анализираме периодот и деновите наназад ќе бидеме сведоци на овие камиказа политики на дуото Заев – Анѓушев коишто имаат еден мотив, а тоа е како останат на власт и како да уживаат привилегии за нив и малкумина околу нив пред се зборувам за финансиската мотивирана привилегија и никаква преостаната. Бизнисот денеска кажа дека ова е погубно, ние не сме против воведување на минимална плата и не сме против зголемување на минималната плата, напротив ја поттикнуваме и охрабруваме, но сето тоа мора да биде и да се темели и на реалните економски политики.  Економското цунами, економската капитулација во Република Македонија не може да се покрие со ваков тип интервенционистички камиказа политики на дуото Заев – Анѓушев, и денеска веднаш бизнис заедницата реагираше на оваа мерка којашто беше вчера соопштена онака горделиво во влада на Република Македонија во присуство на ова дуо засилено со министерката Царовска. И втората работа која што е актуелна е европското знаменце за законот за опојни дроги каде што Македонија ќе стане озаконет дилер на марихуана во светот, односно ќе можеме марихуаната која што е дел од плантажите на семејството Заеви да ја извезуваме за уживање во светот. Ете тоа се двете мерки коишто се реформски од вчера до денеска. Првата мерка е како интервенционистички по методот на еден минат систем се носат одлуки во тесен круг на луѓе и втората е како Македонија да биде законски дилер на марихуана  во светот. Ете тоа се реформите коишто дуото Заев – Анѓушев им ги приреди на нашите  сограѓани.  Замислете за овој втор закон ставија европско знаменце, затоа што се плашат од јавна дебата, се плашат од аргументирана дискусија во рамките на Парламентот, му доделија европско знаменце и сакаат шверцерски по скратена постапка во три дена да го поминат во рамките на Парламентот.  Ќе ве потсетам,  монопол во пазарот во Македонија кога се однесува за производството на марихуана има Заев и семејството Заеви. Тие реформски закони и потези од вчера до денеска. Првиот е интервенционизам својствен за едно минато време и вториот е закон како Македонија да стане легален дилер на марихуана светот. Ето тоа е она кое што е реформи по методот Заев – Анѓушев. Ние се разбира на  првото, а посебно на второто драматично ќе се спротивставиме во рамките на Парламентот. За првото апсолутно сакаме аргументирана дебата, поддржуваме ќе повторам зголемување на минималната плата на работниците и тоа е во интерес на граѓаните  на Република Македонија, но сето тоа мора да се темели на реална основа, а не да биде начин како да биде продолжена политичката кариера на Зоран Заев по неговиот рецепт, а тоа е амнестија за сето она што беше погрешно во минатото преку ваков тип на интервенционизам. Така што за вториот реформски така наречен закон на дуото Анѓушев и Заев, а потоа поврзан со легализација на дилањето дрога односно дилањето на марихуана од Македонија во светот, жестоко ќе се спротивставиме.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...