Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев

Соопштение до јавноста

Оставка е потребна од целата влада, не само од поединци од третиот ешалон на власта.

Заменик министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот „едно евро за Вицето” го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија.

Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболициран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот Рекет, а уште не е повикан ниту на разговор.

Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудио документиран како мести тендер од 1.8 милиони евра.

Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ.

Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барале рекет од неколку милиони евра.

Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно, така и на локално ниво.

Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат. Со Заев Македонија само тапка во место. Со Заев Македонија нема иднина.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...