Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ започнува со две нови активности, се поблиску сме до граѓаните и до изнаоѓање решенија на нивните проблеми

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поради големиот интерес кој што последните денови владее ширум нашата држава а е побрзан со акцијата и теренските активности кои што ги води ВМРО-ДПМНЕ тоа е разговорите за обнова на Македонија, од денеска започнуваме уште две нови активности.

Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд а тоа е секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушан, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ во тие општини каде што ќе дојдат, да можат да ги запишат односно да ги сослушаат граѓаните кои  се нивните проблеми кои што се дел од нивниот секојдневен реален живот.

Тоа е активноста која што започнува од денеска, а викендот практично започнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она кое што претставува реален проблем кое што е дел од нивното секојдневие.

До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се разбира во периодот кој што следи очекуваме уште поголема бројка и како што кажавме нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи на проблеми кои што нашите сограѓани ги доставуваат до ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат содржани и во нашата  предизборна програма која што ќе биде дел од нашата предизборна кампања.

Се надевам дека ќе се охрабрат од Владата која што „блеска“ предводена од Зоран Заев и СДСМ и ќе има наскоро предвремени парламентарни избори.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...