Рунчева: Владата направи грешки на патот кон ЕУ затоа се потребни избори и нова влада

Грешка од старт е што влеговме во група заедно со Албанија, потоа направивме и огромен влог, потпишување на Договорите со Грција и Бугарија и сега имаме барање од официјална Софија кои знаачат национално погазување, рече Христина Рунчева, претседател на Комисијата за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија Телма говорејќи за евроинтеграцијата на земјава.

Дел од дебатата беа и владиниот преговоарач за ЕУ, Бојан Маричиќ и Малинка Јорданова од Институтот за европски политики. Пакетот со Албанија, според Рунечва, е еден од негативните аспекти на патот кон ЕУ.

-Сметаме дека процесот требаше да оди индивидуално. Но, сега приоритет треба да бидат домашните обврските. Има толку работа, се случија толку скандали. Тука треба да се стави акцентот, изјави Рунчева. Во ваква ситуација, посочи Рунчева, клучно е да се оди на парламантарни избори час поскоро за да дојде нова елита.

Таа додава дека предвремените парламентарни избори се неопходни за расчисти со актуелните работи, со актуелните афери кои ја следат актуелната власт и да дојде нова елита која ќе може да понуди нов и свеж ветар во едрата на евоинтеграциите, рече Рунчева. Според неа и по три години на власт и влада предводена од СДСМ се гледаат само нови и нови афери.

-И оние кои ги следат случувањата гледаат дека нема напредок во државава во делот на реформи, борба против корупција, посочи Рунчева.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.