Николоски ексклузивно за Лидер.мк: Владата на СДСМ и Заев не баралe раздвојување на Македонија од истиот пакет со Албанија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното интервју за порталот Лидер.мк откри една ексклузивна вест каде што истакна дека при средба со еден министер за европски прашања од голема европска држава му било кажано дека владата на СДСМ и Заев не бара од Европската унија раздвојување на пакетот на Македонија од истиот пакет со Република Албанија.

-Во петокот имав состанок со еден министер за европски прашања на една од најголемите држави во Европската унија и со тој истиот човек Бујар Османи имаше средба со тој истиот човек. Го прашав директно што мислете за раздвојување на Македонија и Албанија за почеток на преговорите, рече нашата држава е против.  Јас му велам добро дали било кој од македонската влада вклучително и нас состанокот кој што го имавте бар од вас раздвојување, ми одговори не, вели потпретседателот Николоски .

Тој смета дека доколку Владата на СДСМ била паметна влада ќе лобирала цела година во европските држави и ќе барала одвојување од истиот пакет со Албанија, додавајќи дека само поради не спроведување на реформи, криминалот и корупцијата Македонија се наоѓа тука каде што е во моментот.

-Паметна влада кога лани кога се создаде групата и кога Македонија и покрај тоа што Заев потпиша на 17 јуни промена на име, веќе на 29 јуни Европската унија му кажа нема датум за преговори. Паметна влада тие година дена ќе ги искористеше во лобирање, од авион немаше да слези од главен град во главен град да бара државата да се одвои и да бара листа што треба реформи да направи за оваа година да добие датум. Но, наместо тоа тие останаа да се корумпираат дома и да бараат милиони евра и затоа сме овде каде што сме, нагласи Николоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...