Николоски: Доколку СДСМ и Заев правеше реформи, Франција немаше да биде против почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Не само што не стагнираат со реформи, туку одат надолу и цвета корупција а економијата тоне и е логично да размислат на нова методологија. Да ја потсетам македонската јавност дека кога постоеше проблемот со името во сите влади на ВМРО-ДПМНЕ со сите критики кои што ги имаа јас сум еден од поголемите критичари на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека треба да го гледаме објективно. Но, тие влади испорачуваа реформи секоја година и секоја година Франција беше ЗА, да ве потсетам вето ставаше Грција заради проблемот со името, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за порталот Лидер.мк.

Николоски додаде дека сега Македонија го нема тој проблем со името со јужниот сосед бидејќи го промената на името на капитулантски начин, но како што рече сега нема проблем само Франција туку група на европски држави кои што не се согласуваат Македонија и Албанија да започнат преговори со Европската унија.

-Што мислите вие дали Франција олку ќе се противеше доколку во Македонија немаше афера која што се носат вреќи полни со пари, немаше афера Рекет 2 во која што министерот за здравство и директорот на фондот за здравство бараат пола од фирмата на приватен стопанственик, немавме Вице Заев, Трајче Заев Зоран Заев и компанија да имаа обрат од 60тиуна милиони евра годишно. Што мислете да беше Македонија средена држава, Франција ќе беше против? Јас мислам немаше да бидат против, затоа што и на ним им одговара средена држава да бидат дел од нивниот клуб, кој не сака средена држава да е дел од европскиот клуб, посочи Николоски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...