Заев не направи ништо за намалување на сиромаштијата

Соопштение до јавноста – реакција на обраќањето на Зоран Заев

Зоран Заев не направи ништо за намалување на сиромаштијата. 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

Секој ден се поголем е бројот на луѓето кои ја напуштаат Република Македонија.

Само во еден ден град како Делчево го напуштиле 1000 жители, тоа е директна последица на слабата економија и сиромаштијата во која е втурната државата. Наместо  развој три години имаме стагнација.

Наводната мерка за покачување на минималната плата е само на хартија. Работниците го враќаат таканареченото покачување на рака на газдите. Власта е нефункционална и институциите не си ја вршат работата.

Со Зоран Заев и СДСМ  сиромаштијата нема да се намали, напротив ќе се продлабочува. Со Зоран Заев и СДСМ Македонија само стагнира.

Зоран Заев и СДСМ треба да си одат.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.