Стоилковски: Фирмите на Заеви профитираат од политичката моќ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во Македонија да царува основаната перцепција за злоупотреба на моќта од политичка функција. Вршењето на јавна функција на политичари додека истовремено се сопственици, или влијателни акционери на компании, остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата. Примери за тоа има многу, од тендерите во здравството, преку примери со вицепремиерот и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации, но најекспониран се примерите на премиерот Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство.

Ќе ги прочитам, „Фарма Медика“, „Тргопродукт“, „Мамас Фуд“, „Омни Градба“, „Центроштепед“, „Тотал електроник“, „Еленица“, „Пеон“, „Сара Јавор“, „Тотал Инженеринг“, „Сара Инженеринг“, „Дравас Инженеринг“, „Електро Инженеринг“. Сите овие компании се на семејството Заеви, ова се компаниите за кои има огромен број афери. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полиња со марихуана. И во нив се споменувани имињата на семејството на власт.

Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту БМВ моторот од 30.000 евра со кој што се шета низ Македонија. Тој е на фирмата „Тотал Инженеринг“. Заев е предводник на кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси- од транспорт за РЕК Битола и правење ајвар, до ископ на глина преку плантажи за марихуана. Фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК Битола, експресниот пат Штип-Струмица, и други градилишта финансирани од државата. Ова е само еден пример. Фирма на кланот Заеви, доби дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, над 20.000 м2, по цена на една гарсониера. Фирми на Заеви, стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради, за суми од 40.000 евра, а се вредни 10-тици пати повеќе.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.

Почитувани,

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичарите кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, како Анѓушев, отвораат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните компании.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...