Политиките кои ги носи Владата во која е носител СДСМ се базираат на инстант решенија

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Денес во Собранието на Република Македонија уште еднаш се потврди неусогласеноста помеѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ.

Имено, по втор пат пратениците од ДУИ јасно ставаат до знаење дека ваучерската распределба на средствата за спортот е штетна и истата не ја поддржуваат.

Политиките кои ги носи Владата во која е носител СДСМ се базираат на инстант решенија кои не ја остваруваат целта и не се одржливи на долг рок.

Комисијата за финансирање и буџет при Собранието со 9 гласови “за” одлучи Законот за данок на добивка, кој го овозможува ваучерскиот систем со што Агенцијата за млади и спорт има целосна контрола врз донациите во спортот, да се симне од дневен ред.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно враќање на старото законско решение со кое спортските клубови и федерации имаа поголеми поволности.

Со почит,

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...