Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Веќе е се поизвесно дека нема да се добие датум за преговори со ЕУ, но премиерот денеска изјави дека е оптимист. Дали сте и вие оптимисти и ако не се добие кој ќе биде главниот виновник?

Одговор: Ние веруваме дека Македонија е по подготвена од било кога да добие датум за преговори и ние секаде каде што имаме прилика лобираме да го добиеме оној очекуван  датум за преговори коишто е очекуван можеби повеќе од 10 години. Граѓаните не смеат и државата да бидат казнети заради недомаќинското и неморалното работење на Зоран Заев и владата на СДСМ. Но, ние поодамна предупредувавме на ова дека е можно заради сите оние коруптивни скандали и заради она несериозно работење на владата на Зоран Заев  да граѓаните и државата бидат казнети со недобивање на  очекуваниот датум за преговори. Така да единствено нешто што го интересира Зоран Заев е да неговите фирми и фирмите на фамилијата Заеви  и сите оние останата и функционери од СДСМ да направат што повеќе капитал  и пари во моментов на конто на државата и  да ги искористат своите позиции за зголемување на својот капитал и своите банкарски сметки, додека пак датумот за преговори воопшто и да не му е важен на Зоран Заев и  на  СДСМ. Така да единствено решение и излез доколку не се добие или и доколку  се добие било каков датум за преговори дали со услови или било како и да е, излез за моменталнава ситуација  во државава којашто ни се случува сега во моментов каде што тонеме на секое поле е предвремени парламентарни избори за коишто се повеќе се очекува и се знае дека се неизбежни, се со цел државава да излезе од ситуацијата во која се наоѓа.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...