Николски: Потребни се брзи предвремени избори за да се одлепиме од група со Албанија, и во 2020 да започнат преговори со ЕУ

Точно е дека авторот на текстот во италијанскиот весник Ла Верита рече дека еден ден ќе објави уште докази за проблеми и афери и тоа е добро прашање особено за Заев и владата. Легитимно е и прашањето зошто една влада која ја води државата решила толку многу длабоко да влезе во корупција за жал тоа е вистината з авладата на Зоран Заев, констатираше Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на дневникот на телевизија Алфа.

-Сакам да ја информирам јавноста дека до ВМРО-ДПМНЕ секојдневно стигнуваат информации. Имаме поплава од информации и документи од свиркачи кои ни јавуваат за корупција во највисоките ешалони на власта. Ние тоа го документираме и во соодветно време ќе го објавиме. Ќе ја информираме јавноста со што се соочува Македонија, ќе има општо шокирање и разочарување од се она што го прави оваа влада, рече Николоски.

Тој укажа дека тој не е изненаден и оти бараат предвремени избори. Николски апелираше до политичките субјекти во Собранието да се здружат и да се изгласаат брзи предвремени избори, за што е потребен 61 пратеник.

-Потребни се брзи предвремени избори за барем во 2020 Македонија да започне преговори со ЕУ, зошто нема да се случи тоа годинава. Потребни се тие избори за да се одлепиме од групата со Албанија и потребни ни се за да ги залечиме последице од двата штетни Договори со Бугарија и Грција потпишани од Заев, изјави Николоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...