Николоски: Владата да го почитува мислењето на Венецијанската комисија и да достави нов текст на Законот за јазици, ако не тоа ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ

Венецијанската комисија го потврди само она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше години наназад. За потсетување Законот за јазици кој беше основа на тиранската платформа и Заев да формира влада. Тој Закон е крајно неуставен, не може во држава како Македонија да наметнете двојазичност, тука нема пола Македоци пола Албанци, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на дневникот на телевизија Алфа.

-Венецијанската комисија само гопотврди тоа што сите го знаеме. Тој Закон е неприменлив во судството, во јавната администрација, Знаеме дека Заев повторнува се обидува да се поигрува со правто, па барање одлагање на извештајот на Комисијата, рече Николоски.

Тој додаде дека еве сега е одложено за три месеци, но оти одлагањето не решава ништо.

-Експертите од оваа Комисија кога ќе кажат нешто не го менуваат мислењето, укажа Николоски.

Тој ја повика владата да го почитува мислењето и да достави нов ревидиран текст на законот во кој ќе бидат поништени сите неуставни одредби, а доколку тоа не го направи тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...