Николоски: Нема раздвојување од Албанија, големите сили велат реформите во Македонија се на ниско ниво како во Албанија

Не доаѓаат позитивни сигнали од ЕУ за Македонија. Ако треба да направам оценка денес, мислам дека најдоброто што може Македонија да го очекува е многу услови, откако ќе се исполнат тие услови дури тогаш да се отпочнат преговори некаде за година и пол до две од сега. Самата одлука за датум пак ќе се префрли за средината на следната година, како што лани се префрли за годинава па фледаме дека се одлага, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на дневкот на телевизија Алфа.

Според него причини има неколку.

-Не е само до Франција, туку тука се и неколку држави од ЕУ. Второ, владата на Заев не даде аргумент овие држави да се залагаат за поддршка на Македонија, напротив даде аргументи за да ја напаѓаат затоа што со афери како Рекет и корупција која стига до највисоко ниво не може да очекувате да добиете датум за преговори. Тука е и моментот што Македонија е ставена во иста група со Албанија која е држава со најлош имиџ во Европа. Ставањето на македониа во група со Албанија е нешто на што ние преупредувме април минатата година е најлоша работа што може да и се случи на Македонија, рече Николоски.

Тој еклузивно за Алфа соопшто дека во разговор со министер за надворешни работи и европски прашања одедна од 4 водечки држави члеки на ЕУ му било кажано дека раздвојување не доаѓа во предвид зошто доколку дојде до раздвојување ќе има вето за двете држави.

-Причината зошто нема раздвојување е затоа што чувството на големите држави е дека во Македонија нема доволно реформи и дека за жал Македонија е на исто јсико ниво со Албанија на Еди Рама, потенцираше Николоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...