Наместо нов мост преку Вардар во Ѓорче и продолжување на Илинденска, Шилегов си изгради викендица

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Две години Петре Шилегов. Две години измами. Две години неработа и неспособност. Две години Скопје стои во место.

Се наоѓаме на крајот на булеварот „Илинден“, сообраќајница за која Петре Шилегов вети продолжување кон општина Ѓорче Петров со нов мост преку Вардар.

Петре Шилегов е две години крадоначалник, а најавениот проект продолжување на Илинденска со нов мост преку Вардар остана само празно слово во партиската програма.

Шилегов помина две години како крадоначалник, но наместо нов мост преку Вардар во Ѓорче и продолжување на Илинденска тој си изгради викендица во Маврово. Скопјани се излажани и изманипулирани од Петре Шилегов и СДСМ.

Лагите на Шилегов излегоа на виделена. Две години нема кружен тек кај „Мавровка“ кој го вети, ги нема ветените нови паркови, нема продолжување на „Словенечка“, нема пешачки мост помеѓу Аеродром и Гази Баба, го нема ниту ветениот чист воздух, нема ниту пешачка зона на кејот на Вардар кај ГТЦ, ја нема ветената реконструкција на две средни училишта „Лазар Танев“ и „Кочо Рацин“ кој и понатаму функционираат во бараки, нема нова Универзална сала, нема решение за кучињата скитници, ниту за сообраќајниот хаос, но затоа има шминка и криминал. Најголемиот криминал е со продажбата на Градската куќа, каде однапред се знае купувачот и зградата која Петре ја таксал, само не се знае провизијата на овој бонбона бизнис на Петре Шилегов. Лагите, криминалот и неработата се неговата главна одлика.

Шилегов е неспособен да работи и реализира проекти. Скопје мора да сврти нов лист. А, Шилегов мора да си замине.

Време е за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...