Стојановска: СДСМ нема реализирано ниту еден проект за жителите на Маврово Ростуше

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дафина Стојановска

Добар ден се наоѓаме во село Ростуше, општина Маврово Ростуше. Една од најубавите општини во западна Македонија, но за жал полни две години е заборавена од локалната власт а веќе трета година како што ја нема на мапата на економијата и крупните инфрапроекти на владата на Република Македонија.

Во општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект, ниту изведен, ниту во намера да се изведе. Со ребалансот на буџетот за 2019 година ниту еден капитален проект, ниту едно планирано реновирано училиште или нова градинка, или спортски објект, или рестарвација на некој од патиштата кои што се горливи проблеми за жителите на овој крај.

За ребалансот на буџетот јас и колегата Горан Манојлоски поднесовме мноштво на амандмани меѓу кои имаше и такви кои што се однесуваа на овој крај. Но, ниту еден не беше прифатен. Годината 2019 оваа влада ја нарече како година на економијата, но за жал ова е година во која што владее рекет., царуваат криминалот и корупцијата, а во здравството и образованието веќе трета година владее насилство и не се знае кој врз кого врши насилство а на улиците се повеќе излегуваат народ од земјоделци, од учители, од културни работници, полиција и армија. Тоа е она што оваа влада навистина не го вети а го реализираше. Додека се што таа стави на хартија барем досега а им останува само уште една година на владеење ништо нема реализирано.

Затоа е време оваа влада што побрзо да си замине и да се испрати на местото која што самата и го заслужи.

Денес со жителите на Маврово и Ростуше ќе ги споделиме нивните проблеми, истите ќе ги нотираме и во наредниот период за нив ќе најдеме решенија, кои што ќе бидат дел од идната предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што на Македонија и треба обнова на општина Маврово и Ростуше. Таа обнова дефинитивно ќе  ја добијат само со ВМРО-ДПМНЕ и со луѓе кои што се грижат и кои што се заинтересирани со сите краишта подеднакво во Република Македонија.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...