Расте интересот за учество во Женската платформа во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, жените сакаат да се занимаваат со политика во границите на правото

Продолжува циклусот за јакнење на капацитетите на жените од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Денес учесничките се стекнаа со основни и напредни знаења и вештини во областа на водењето на политиката, анализирајќи ги политичкиот систем на земјата во споредба со системот на Европската Унија..

Политиката се учи, а жената може да направи уметност од тоа. Политиката е вештина која ќе ви помогне да се справувате со конфликти и да правите компромиси, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова која беше предавач на првиот модул за политички систем и владеење на правото.

Политиката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ е да инвестира во потенцијалот на жените . Претседателката Благица Ласовска, како што изјави, фокусот ќе биде насочен кон јакнење на сите жени затоа што секоја една има свои афинитети и квалитети кои мора да се поддржат.

Вратите се ширум отворени за жените. Ние го препознаваме тоа,  затоа верувам дека ќе стимулираме секоја една да се изгради пред се на професионално поле за да биде активна партиципиентка во рамки на партијата и на политичката сцена воопшто. Јас и раководството стоиме зад жените, и држиме до утврдените развојни цели поставени на ниво на Обендинетите нации каде родовата перспектива е препознаена како клучна за одржлив развој, рече претседателката Ласовска.

Стимулативната тренинг програма за жени во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во наредниот период со пакет теми кои ќе овозможат едукација за политичко јакнење на жените. .

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.