Петрушевски: СДСМ, Заев и Димитриевски немаат ништо направено за Куманово и кумановци

Интегрален текст од изјава за медиуми на Бране Петрушевски

Почитувани кумановци,

Она што во саботата требаше да биде граѓанска трибина на СДСМ и Заев во Куманово, всушност беше нивна средба со приближно 500 активисти на СДСМ и нивната коалиција.

На овој настан, кој беше најавуван како можност граѓаните на Куманово да ги артикулираат и актуелизираат своите проблеми, искажувајќи го задоволството или незадоволството од работењето на актуелната влада, само тројца нивни активисти успејаа да постават прашања, и тоа нарачани, нормално за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Целото време од час и половина, колку што траеше трибината го потрошија Заев, Спасовски и Димитриевски на своите „хвалоспеви“.

Не пропуштајќи ја можноста времето на трибината да го трошат на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а немајќи што да кажат од аспект на тоа што оваа Влада има реализирано во Куманово, се испофалија со проектите кои се започнати и во најголем дел завршени во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и тоа:

  • Автопатот Куманово – Миладоновци, обезбедени средства и рехабилитиран во најголем процент од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Пругата Куманово – Бељаковце, обезбедена потребната документација (проектна документација, елаборат, експопријација), финансиските средства и во најголем процент реализиран од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Двете спортски сали кои ги ветуваат се проект на АМС од времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ;
  • ТИРЗ ветуваа повеќе од 10 години, а допрва ќе почнуваат со доведување на потребната инфраструктура.

Заев, Спасовски и Димитриевски заборавија дека СДСМ е веќе три години власт во Република Македонија и скоро три децении власт во општина Куманово. За овие три години немаат проект во Куманово кој е осмислен, подготвен и реализиран од нивна страна.

Заборавија на ветувањата за мерки против иселување на младите, кое во последниве години зафаќа епски размери. Заборавија за ветените економски мерки, и ниту збор не кажаа за поскапените цени на производите, пред се поради зголемената акциза на бензините.

Заборавија на ветувањето за чист воздух и гасификацијата, па на кумановци не им објаснија зошто и после три години власт, во Куманово ниту една државна институција не е гасифицирана, пред се Болницата која токму од градоначалникот Димитриевски беше посочувана како еден од најголемите загадувачи. За ова проект има ветување и од министерот за здравство Венко Филипче уште пред една година, но денес гледаме дека ништо не е направено, а Болницата набави мазут за греење и за оваа сезона.

Заборавија на ветувањата за модерно справување со отпадот и дислокација на постојната депонија, на изградбата на цевковод од Липково до Куманово, на две нови детски градински, на современите 5 катни гаражи, настрана од оваа времено монтажно демонтажна или како и да ја именуваат. Ова се само дел од прашањата кои кумановци сакаа да ги отворат и разговараат, доколку трибината беше од отворен карактер и доколку се имаше вољја од власта.

Она дека Владата ќе се одолжувала на Куманово се покажува дека е само пропагандна флоскула, и дека било само џокер оправдување за неработењето на СДСМ во Куманово речиси три децении. Ова нивно повеќе децениско владеење во Куманово остави големи траги и наместо проблемите на граѓаните да се решаваат, тие секојдневно се зголемуваат.

Повеќе од кога било на Куманово му се потребни нови луѓе со свежи идеи. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДСМ, своите трибини не ги прави во скапи сали и пред сопственото членстовото, туку сме на улиците, на плоштадите помеѓу народот.

Ја користам можноста да најавам дека на 2-ри ноември на Плоштадот во Куманово ќе организираме настан Разговори за обнова на Македонија, каде во директна и непосредна комуникација со граѓаните ќе бараме решенија на нивните проблеми, кои ќе бидат преточени во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Драги Кумановци, имајте трпение уште неколку месеци, по што следи промена на власта во Република Македонија и суштинско решавање на нашите проблеми.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...