Нелоски: Две години измами, криминал, неработа и неспособност на градоначалниците на СДСМ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Две години СДСМ на локално ниво. Две години измами, криминал, неработа и неспособност на градоначалниците на СДСМ.

Две години како СДСМ и Зоран Заев речиси ја имаат апсолутната власт во локалната самоуправа но резултатот е голема НУЛА.

Измамите се главна одлика.

И нема ниту еден проект за граѓаните, ниту една мерка за цели две години која ја направија и ќе остане запаметена.

Она што останува како впечаток е неработата, непотизмот, сомнежите за криминал и матните тендери.

Ветувањата кои ги даваа пред изборите ги заборавија. Очајниот процент на реализација значи дека нема никаков локален економски напредок.

Општините низ државата се запуштени. Нема нови проекти, нема нови инвестиции. Градоначалниците на СДСМ за две години реализираа само 9.3% од нивната програма. Половина мандат им помина, а тие немаат завршено ниту 1/10 од ветеното. Раскопани и нечисти улици, неуредени тротоари, руинирани сообраќајници. Ова е сликата за општините на секаде низ Македонија.

Нема пари за инвестиции, но има за кафеани, скапи ресторани, луксузни хотели и патувања во странство и тоа на сметка на граѓаните. Градоначалниците на Заев за две години потрошиле 65.7 милиони евра на непродуктивни трошоци, а нула бенефит за граѓаните.

Шилегов, Петровска, Марин и другите градоначалници ветуваа експресно решавање на проблемот со загадениот воздух. Две години потоа загадувањето е 3.5 пати поголемо.

Градови како  Скопје и Битола се гушат во загаден воздух, нарушено е здравјето на граѓаните а тоа оди на совеста на оваа власт.

Две години со прст немаат мрднато во насока на решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.. Скопје лани беше на листата на пет најзагадени градови во светот, а истата ситуација не очекува и оваа година.

Ветија зголемување на зелените површини, а за две години исекоа 10.800 дрва. Забрзано се сечат дрва во Аеродром, Центар, Карпош. Се сече на секаде, а власта е во трка за парцела повеќе, за бизнис за своите пајташи.

Удрија и по џебот на граѓаните.

Градоначалниците само ги зголемуваат давачките. Во поголем број од општините е накачена цената на водата. Граѓаните сега плаќаат поскапи сметки за вода отколку пред две години. Поскапе и паркингот, поскапеа и другите давачки.

Насобраните пари од даноци и други давачки наместо на инвестиции се трошат на вработување на партиски кадри во општинската администрација.

Се вработуваат само роднините на функционерите. Деца на функционери, братучеди, браќа и сестри кои се вработени по линија на непотизам е сликата на новите вработувања во општините. Епидемијата од непотизам ги зафати сите општини. Регистрирани се 412 случаи на непотизам на локално ниво во општините низ целата држава.

Градоначалниците станаа криминалци кои остануваа неказнето.

Криминал и корупција владее во секоја општина. Градоначалникот на Ново Село беше фатен во шверц, градоначалникот на Демир Хисар е видеодокументиран како им се заканува на родители, ученици и наставници дека им ги слуша разговорите. Градоначалникот на Шуто Оризари се изживува врз луѓе, ги затвора во кабинет и ги малтеретира, а градоначалникот на Делчево во стилот на шериф од Дивиот Запад затвора бизниси и шиканира луѓе. Буквално аздисуваат и покажуват сила пред и врз народот.

СДСМ овие две години покажа дека не знае и нема способност да ги управува општините. СДСМ покажа како не треба, а за жал граѓаните го плаќаат сметките за оваа работење. Градоначалниците на СДСМ во изминативе две години владеат со измами. Измамите се главна одлика на градоначалниците на СДСМ. Измамите ја носат и неспособноста и неработата и затоа треба да си заминат час поскоро.

ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од понеделник, па во наредниот период  преку низа активности во оштините ќе ги истакнеме измамите на локалните градоначалници, дополнително преку трибини на Комисиите на партијата ќе укажеме на последиците од неработењето на градоначалниците врз општините и врз граѓаните. Државата не смее да тоне уште повеќе. СДСМ мора да си замине и да ги тргне своите криминални раце од државата.

На Македонија и е потребна обнова и на централно и на локално ниво.

Обнова која ќе донесе крај на измамите, криминалот и лагите. Обнова за развој на општините.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...