Николоски оствари бројни средби при работната посета во Рим и Ватикан

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во рамки на работната посета на Рим и на Ватикан овие два дена остварив бројни средби. Ги информирав соговорниците за она што се случува во Македонија, за растечката корупција, за уназадувањето на економијата за злоупотребата на правосудниот систем од владата на Заев, за сите потфрлања со кои се соочува Македонија.  Во исто време побарав граѓаните на Македонија да не бидат жртва за политиките на Заев, граѓаните на Македонија не смеат да бидат жртвувани заради корупцијата и неспособноста на Заев. Затоа е потребно Европскиот совет да донесе одлука оваа недела за почеток на преговори за членство со Европската унија, а веднаш потоа влдата да поднесе поставка и да одиме на брзи предвремени избори после кои што ВМРО-ДПМНЕ да ја превземе владата и со способни и одговорни кадри ќе успее да ги реализира реформите кои што се неопходни, не само за прогресот кон Европската унија, но исто така и за македонските граѓани.

Потребна ни е силна битка со корупцијата, како и силен економски раст кој што за жал во овој момент го немаме. Имав средби со сенаторите Кандура и Пелегрини од партијата „Лега на словени“, и договоривме ВМРО-ДПМНЕ и Лега како две партии на десницата, конзервативни и десни партии, да ја унапредуваат својата соработка со следниов период . Се договориме да имаме возвратна посета во Скопје од страна на делегација на Лега, а во брзо време да имаме и средба на високо ниво. Исто така учествував во работата на „Централистичката демократска интернационала“ каде што со пријатели од целиот свет од центар-десни, конзервативни и десни партии разговаравме за нарушениот систем  на вредности секаде каде што левичарите владеат, за уништувањето на економијата и за корупцијата секаде онаму каде што левичарите владеат. И верувајте секаде приказната е иста Зоран Заев е копија на сите оние левичари кои што владеат низ светот и затоа мора заеднички да се бориме.

Денес  бев во посета на Ватикан, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ одржува традиционални добри односи со Ватикан, уште од формирањето на ВМРО какао организација за борба за слобода на македонскиот народ во 1893 година, а потоа и како политичка партија од 1990 година. Ватикан мора да е силен партнер на Македонија. Побарав да се лобора за признавање на Македонската православна црква, затоа што Македонската православна црква тоа го заслужува, а исто така побарав да се помогне на Македонија. Со кардиналот Пијетро Паролони, кој што е државен секретар на Ватикан, практично прв човек во политичкиот дел на Ватикан, разговараме и за состојбата во Европа, разговаравме и за нарушениот систем на вредности, но исто така разговаравме и за состојбата во Македонија, каде што ги испратив истите пораки, дека ни е потребна силна битка со корупцијата, дека ни е потребно подобрување на економијата, но во исто време македонските граѓани не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силната критика на владата, но и со силното лобирање за Македонија затоа што сме државотворна партија и Македонија тоа го заслужува.

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...