Мицкоски до граѓаните: Издржете, месеци се во прашање, доаѓа светлото на крајот од овој темен тунел и јас ви ветувам убедлива победа на крајот од овој маратон

Интегрален текст од обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добар ден на карпошани, добар ден на Скопјани

Денеска што сте овде со нас да поразговараме за Обновата на Македонија, да поразговараме пто навистина ги мачи и што навистина претставува проблем,оној секојдневен проблем, не она блескаме на Зоран Заев, туку вистинските проблеми кои што ги тиштат и ги мачат македонските граѓани.

Поминавме многу градови и ќе продолжиме да ја минуваме нашата Македонија уште неколку пати,затоа што сакаме да поразговараме со граѓаните, со луѓето и одблиску да ја запознаеме и слушнеме нивната мака , чувствуваме дека долго време никој не ги има слушнато и мислам дека тоа е вистинскиот проблем како ние политичарите, но и како граѓаните нас политичарите подобро ќе не запознаат, а на тој начин ќе можеме и едните и другите заедно да растеме во овој процес, и едните и другите да разговараме за вистинските проблеми, не оние измислените и замислените кои што денеска политичките елити, посебно овие кои се на власт сакаат да ни ги претстават.
Поминавме многу градови, многу проблеми запишаа нашите сограѓани повеќе од 10.000 во моментот ажурирана бројка немаме. Ќе се обидеме сите тие проблеми да ги систематизираме во групи и да понудиме соодветни решенија таму каде што ќе понудиме соодветни решенија, тие ќе се најдат во нашата програма за следните предвремени парламентарни избори, истата ќе биде поделена во два дела, првиот дел ќе биде оној кој ќе биде посветен на вас на граѓаните, а вториот дел ќе биде оној стратешкиот. За прв пат ќе понудиме интерактивна програма за да може секој еден граѓанин на Македонија да го препознае она кое што го мачи и да го прочита решението кое што ќе го понудиме. Ние нема да ги раскрчмуваме ресурсите на граѓаните како што тоа последниве неколку недели го прави двоецот Заев-Анѓушев, ќе внимаваме и што нудиме и што како одговор на прашањата на нашите сограѓани ќе дадеме.

Затоа што ние сме одговорни луѓе, државотворни, чесни и честити, така сме почанале и така ќе продолжиме да функционираме во нашите политички кариери. Гледате изминуваат денови кога безмилосно се ветуваат работи од типот на тоа последното блескаме преку субвенцијата од илјада евра за инвертор клима па ќе се обидат да ги поткупуваат нашите сограѓани, на тој начин ќе се справувале со загадувањето, а без притоа да дадат одговор што доколку оваа мерка не вроди со плод, што доколку оваа мерка, а јас сигурно знам дека нема да вроди со плод, нема да се намали загадувањето, туку напротив загадувањето ќе биде исто, а тие ќе потрошат десет милини евра, внимавајте десет милиони евра ваши пари, за ништо.
Но тука тие не сопираат на тој начин тие ќе се обидат да тргуваат со вашиот глас, со гласот на граѓаните во Македонија, без да има никој одговорност, без да има никаква одговорност.

Затоа јас вчера во еден мој пост на социјалните медиуми ги предупредив дека како ВМРО-ДПМНЕ и како коалиција, се консултираме со правниот тим во рамките на партијата, разговараме да утврдиме одговорност, затоа што некој мора да сноси одговорност еднаш во оваа држава, затоа што ја доведоа државата во подредена положба и некој кривично мора да ги гони заради тоа. Првата промена на власт кога ќе ја формираме владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јас ви ветувам дека за секоја погрешна, ненародна, анационална политика Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и сите останати кои се во владата ќе одговараат за тоа што го направија. За тоа што ја доведоа Македонија во подредена положба, за тоа што ја направија ранлива, да биде полесен плен на предаторите кои што денеска гледате дека безмилосно не уценуваат, бараат од нас да се откажеме од македонскиот народ, бараат од нас да се откажеме од македонскиот јазик иако тој јазик уште пред години и години, декади сега е признат за да можеме нели да имаме европска иднина.

Трета година по ред ни ветуваат европска иднина, а веќе доаѓа тој 17ти октомври, а гледаме дека ниту европска иднина ќе имаме, ниту пак тој долго посакуван датум кој што морам да признам дека и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија, како коалиција му дадовме напад и шанса.

Сите велеа немојте да давате легитимитет на претседателските избори ние тогаш рековме ќе одиме на претседателските избори затоа што ќе победиме, за жал и тој инжинеринг кој што се случи поради она тргување со гласовите кое што се случи во вториот круг не успеавме. Но ја отворивме врата за да Македонија ја добие датата за отпочнување на преговори.

Сега ни велат покрај сите овие корупциски скандали кои што се во државата, покрај очигледната пљачка и арамилук која што ја предводи двоецот Заев-Анѓушев, вие сте мирни, молчите, не излегувате, не протестирате. Ние велиме 17-ти еве следната недела е да дадеме една последна шанса да може нашата држава да не биде таа која што ќе влезе во политичка криза за да може да добиеме толку посакуван датум за започнување на преговори, безусловен се разбира. Но како одминуваат деновите, драги браќа и сестри, карпошани, скопјани можам да кажам дека не само што ќе нема датум безусловен туку напротив датумот ќе биде исклучително условен доколку постои иако шансите за таков датум се речиси теоретски односно според вестите кои што ги добивам таков датум може и да нема.

Таков датум ќе нема затоа што не е доволно националното понижување, националниот срам што го донесоа. Затоа што паралелно срамувајќи ја државата, пустошејќи ја тие донесоа и голем арамилок а тоа го гледаат и нашите партнери од Европа и гледаат дека во оваа држава царува и владее криминалот, безредието, владее опостушувањето, луѓето се иселуваат од немоќ.

Ете тоа е реалната и болна вистина во Македонија и токму поради тие причини датумот за започнување на преговори со Европската унија не само што ќе биде условен, туку големи се шансите да биде одложени и за некои други времиња, да дојде некоја друга политичка гарнитура која што ќе биде чесна и честита, политичка гарнитура која што ќе гарантира владеење на правото и безусловна правдина и почитување на законите и почитување на Уставот, а секој ќе повторам секој оној кој што се огрешил пред законите, секој оној кој што се осрамотил пред граѓаните ќе дојде правдата и тој мора да сноси одговорност, јас ви ветувам.

А верувајте имаме многу докази, многу докази за тој криминал, имаме многу докази за тој криминал кој што го сторил Зоран Заев и луѓето околу него, имаме многу докази и верувајте дека тие докази ќе ги слушне и види македонската јавност многу скоро од денеска.

Но, ајде да се посветиме на она што значи реални ветувања, она што го кажуваа кога беа во опозиција, она кое што го ветуваа и се обврзуваа, се сеќавате со онаа голема лага и измама дека живот ќе донеле во Македонија, а донесоа пекол, срам и арамилок. Се сеќавате нели таа 2015 та и 2016 та шетаа, бојадисуваа, каменуваа, урнисуваа институции, се колена во правдата, немало правда немало мир, а што направија денеска за реализирање на политички цели тргуваа со и со правото и со законите и со Уставот и со правдината.

Се сеќавате на тие пароли во тоа време кога се колнеа дека немало да има компромис, човекот кој што еднаш беше аболиран за сомнеж за сторен криминал, човекот кој што еднаш го гледавме како градоначалник на општина Струмица безмилосно води политика од типот евро за него, евро за Вицето, евро за црквата, ветуваше дека ќе ги почитувале безусловно законите дека ќе донесел правдина и тоа се било предвидено во неговата програма за живот.


Па потоа се колнеше се сеќавате во жицата, изгубен во семето, ќе го талкал таму племето или како беше не знам, па се колнел во најмилото дека немало да менува ништо, се што вети се излажа, се погази, се избербати, па денеска ќе го видте на прес конференции поредени позади него ние малкумина обожаватели кои што се уште му останаа лојални и верни и вели ние ќе ги покачиме платите за 5 % ќе ги покачиме за 10 % па инвертори па не знам какви, тој човек мисли дека граѓаните во Македонија ќе му простат се ќе му ги простат сите гревови сите лаги сето она понижување кое што го прави веќе трета година по ред и повторно ќе му дадат доверба.

А за да види дали тоа навистина ќе се случи постои само еден начин а тој начин е ајде сите заедно во парламентот да изгласаме дата за предвремени парламентарни избори и да видиме дали блескаме, како што велат овие арамии од владата или пак ќе ги блесне народот со еден класичен дебакл на следните предвремени парламентарни избори.

Јас сум сигурен во второто затоа што од ден на ден на улиците ја гледам се појасно и се погласно ја слушам коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот во Македонија а таа е победничката коалиција која што на крај ќе победи.

Сите овие денови од самиот почеток па до денеска слушаме колку е тежок животот, колку е тежок животот и за земјоделецот колку е тежок животот и за оној кој што работи и во локалната и во државната администрација за сите оние уцени притисоци закани кои што нели овие „европски“ политичари ги практикуваат.
Слушаме во разговорите со бизнисмените за рекетирањата за уцените за арачот кои што мораат да го платат ако сакаат навреме да добијат исплата на сработеното ако сакаат да добијат работа, некој тендер.

Слушаме колку е тежок животот на пензионерите па и сега еден пензионер сведочеше колку е тежок животот на пензионерите, за недостоинствената пензија па и онаа малата пензија им ја скратија со измени ви законот за исплата на пензиите еве ветувам дека следната недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот ќе поднесе амандман за враќање на старото законско решение каде што пензиите на пензионерите ќе бидат покачени и тоа ќе бидат покачени достоинствено а не за оние срамни 36 денари, кои што ги направи владата на Зоран Заев и СДСМ.

Разговараме со младите разговараме со студентите, зборуваме за нивните потешкотии во студирањето за нивното образование за распаднатиот образовен систем за декаденцијата на секој чекор. Секој од нив има една идеја веднаш по завршувањето на образованието веднаш после завршување на студиите да ги наполни куферите и да се одсели од Македонија да ја бара својата шанса некаде далеку. Нема реновирани студентски домови, нема студентски град, нема студентска гаранција, нема младинска гаранција, нема перспектива, ги нема оние прес конференции на оној млад директор на Агенцијата за млади и спорт, се сеќавате кој што ги правеше пред студентските домови кој што ги правеше пред библиотеките кога велеше дека доаѓа живот, дека проблемите ќе бидат решени. Напротив пустош, пекол владее на секој чекор и не се чувствувам комотно во своја кожа кога говорам за лоши работи затоа што знам дека тоа дополнително ги демотивира нашите сограѓани.

Знам дека лошата вест секогаш е дополнително разочарување за нашите сограѓани, и дополнителен мотив веднаш да ги засилат своите размислувања да ја напуштат Македонија. Секогаш кога ќе седнете деновиве пред телевизор и кога ќе ги погледнете вестите ќе видите дека тие започнуваат со осомничен, со осомничена пратеничка, пратеник, Рекет ваков, рекет таков, злоупотреба ваква, таква.

Веќе не се радуваме на успесите на нашите спортисти, на нашите културни уметници веќе не се радуваме за некој нов успех во економијата, нема нова странска инвестиција, не можеме да кажеме дека сме напреднале на скалата на Дуинг бизнис, не можеме да се пофалиме дека оваа година е рекордна година по бројот на запишани студенти, да слушнеме некој задоволен пензионер, бизнисмен, вестите секојдневно се полнат со црна хроника. И тоа не е добро. И тоа е она кое што е денеска за жал секојдневие во Македонија, и тоа е она што е многу поразлично од она блескаме на Зоран Заев и тие малкумина околу него .

Јас би сакал да можам сето тоа веднаш да го промениме затоа што прв приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде како да ја вратиме надежта, како да ги вратиме насмевките кај нашите сограѓани, затоа што тоа е она што му треба денеска на Македонецот и на граѓаните на Македонија. Да го вратиме оптимизмот, да ја вратиме волјата, да се радуваат на успесите, да се радуваат на убавите работи, а не вестите да ни бидат исполнети со рекет, да ни бидат исполнети со обвинети функционери на СДСМ кои што учествувале со рекет, да ни бидат исполнети со катастрофални резултати во економијата, со уцена од страна на соседите при нашиот пат во Европската унија и евроитеграциите.

Тоа е денеска за жал секојдневието. Резултатот од тоа наше денешно тешко секојдневие се полните автобуси, полните железнички перони и аеродроми, односно аеродромот во Скопје и Охрид, и трајно луѓето заминуваат разочарани од сопствената држава.


500.000 луѓе се отселиле, се сеќавате кога ги местеа пред владата обувките, кога редеа спортски обувки, кога редеа чевли, кога велеа дека они го имале решението со најголемата лага кога тогаш ни нудеа живот дека тогаш ќе ги врателе тие луѓе, дека тие луѓе ќе дошле повторно во Македонија. Е тоа не само што не се случи, туку процесот на иселување се засили.

Го изгубивме достоинството, ја изгубивме љубовта кон татковината. Човек, човека попреку го гледа. Луѓето меѓу себе немаат доверба. Ние политичарите сме симбол за лагата, измамата ете таква е перцепцијата во нашата држава наместо ние политичарите да бидеме тие на кои што граѓаните ќе ја дадат довербата за да можеме нешто да направиме за нив, е тоа се нашите мотиви за да влеземе во оваа битка и за која што знам дека ќе биде пеколно тешка, знам дека ќе биде долга и нема да биде лесна и ќе има многу предизвици. Но подготвен сум заедно со вас да влеземе и да победиме.

Има светло на крајот во тунелот, ви верувам. Верувајте и вие дека има на крајот од тунелот.

Ако некој ви вели дека нема светло од крајот на тунелот, тогаш тој е жртва на пропагандата на СДСМ. Верувајте и бидете оптимисти дека овој трул систем кој што притиска ќе го поразиме и ќе победиме, ќе го реформираме. Не ја губите надежта.
Јас можам да го прифатам дека ние политичарите сме вакви или такви и знам дека ќе биде пеколно тешко да ги разубедам нашите сограѓани во спротивното. Но, ветувам многу пот, многу работа многу солзи и ветувам успех на крајот. Тоа е она што јас го ветувам.

Јас не можам да ветам 1000 евра за инвертор затоа што знам дека со тие 1000 евра ништо нема да направиме, нема да ветам 36 денари поголеми пензии затоа што знам дека тие 36 денари ништо не значат. Нема да ги лажам вработените во образованието, науката и културата, со 1,2,3 и 5 проценти затоа што нас ни требат решенија и стратегија на долг рок, е јас тоа ви го ветувам.

Ви ветувам чесна, честита, отчетна и искрена работа во Македонија која што на крајот ќе успее, а не Македонија каде што народот ќе добие трошки, а милијардите и милионите ќе завршуваат во кругот на неколку семејства кои што денеска ја владеат Македонија. Тоа е она кое што денеска јас ви го ветувам, многу пот, многу работа и многу солзи, но на крајот успех.

Ви го ветувам македонизмот назад во Македонија и тој да не биде ексклузивно право на македонскиот народ, ова е наша заедничка татковина и на Албанците и на Турците и на Ромите и на Власите и на Србите и на Бошњаците и на сите народи кои што се родиле, живееле, работеле, се радувале и тагувале во Македонија и тие имаат право на дел од македонизмот, да си ја сакаат оваа татковина бидејќи оваа татковина им дала се во нивните животи и тоа што денеска тие се успешни луѓе и должат на Македонија и треба да си го постават прашањето, не што таа може да направи за нас, туку што можеме ние да направиме за нејзе, тоа е вистинското прашање.

А јас знам што е договорот, ќе работиме многу, ќе работиме напорно, деноноќно и можеби ќе делува сето ова смешно, можеби сето ова на некој ќе му делува чудно и ќе речат еве уште една лага од нов политичар, но, дајте ни шанса, дајте ни шанса да ве убедиме дека ова што го зборуваме сега навистина ќе го правиме, дека ова за кое што сега се обврзуваме ќе биде дел од нашето секојдневие.

Затоа деновиве кои што следат ќе не гледате и ќе бидеме се погласни и побројни се до денот кога нема да го видиме повеќе Зоран Заев таму каде што е како премиер на Владата на Република Македонија. Денот кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ со најголемата коалиција а тоа е коалицијата со народот.

Месеци не делат од тој ден. Мотивирани сме имаме желба знаеме како и сигурен сум во успехот на тој ден. Но, нас ни е потребен успех кој што ќе спречи пост изборен инжинериг, нас ни е потребен успех и огромна победа затоа нашата битка ја почнавме месеци, месеци порано, затоа што силно го посакуваме тој успех да успее Македонија, за да успее македонскиот народ, да успеат сите граѓани во Македонија, затоа месеци претходно го почнавме овој наш последен круг.

Ова е последен круг, го гледаме јасно светлото на крајот од овој круг и јас ви ветувам убедлива победа на крајот од овој маратон.

Сосема на крај, да не должам знам дека е викенд сакам да ви се заблагодарам што одвоивте дел од вашето време да бидете денес овде денес со нас, да ви се заблагодарам за поддршката која што ни ја давате, вие сте напа мотивација, вие сте тие што нас не правите да сме уште помотивирани да истраеме во оваа битка.

Да ни е жива и здрава Македонија, да ни е жив и здрав Карпош и Скопје и сигурен сум дека ќе успееме.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...