Ласовска: Женската платформа на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ стартува со полна пареа- во жените лежи потенцијалот

Денес започна имплементацијата на проектот во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ наменет за жени кои во циклус од пет месеци, контунирано ќе се јакнат нивните лични капацитети преку стекнување на основни и напредни знаења и вештини во различни области, клучни за влез на политичката сцена.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска го отвори настанот со поздравен збор, давајќи целосна поддршка на сите жени.

  • Верувам во сите вас, стојам зад вас жените, инвестираме во вашиот капацитет и квалитет затоа што само така, со силни жени ќе возобновиме демократското општество кое во моментот е згазено од партијата на власт. Секоја една е непресушен извор на потенцијал и капацитет-рече Ласовска.

Во дизајнираниот пакет обуки, првиот модул е наречен Политички систем и владеење на правото преку кој учесничките ги анализираа политичките системи кај нас и во рамки на Европската Унија. Професорката Гордана Силјановска Давкова ја оддржа првата обука на жените учеснички на Женската платформа.

  • Зборот политика е женски род. Политиката се учи и таа не треба да биде чудовиште, ние жените можеме да ја направиме уметност исто како што од животот правиме уметност на можното уште кога раѓаме деца, изјави Силјановска.

Жените се клучен актер за оддржлив развој на едно општеството, а родовата перпектива е веќе широко препознаена и во рамки на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

  • Жената нема многу слободно време, ама избира да се занимава со политиката. Оваа стимулативна програма ја јакне можноста за кариерен развој на секоја жена од една страна, а од друга страна ја поттикнува да се носи со идните предизвици од нејзино вклучување во политиката- изјави координаторката Ирена Тодороска која заедно со избраните предавачи ќе ги води учесничките во оваа платформа на Унијата на жени.

ВМРО-ДПМНЕ ги сруши стереотипите и предрасудите за жените со самата поддршка за жена-кандидатка за претседателка на изминатите претседателски избори.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...