Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за порталот Макфакс нагласи дека 16 те стратешките соработници кои што ВМРО-ДПМНЕ ги објави само пред една недела се еминентни личности, докажани во своите професии и ќе придонесат за повисок и поквалитетен живот на граѓаните на Република Македонија.

Мицкоски посочи дека нема намера ниту пак претендира да биде обожаван и да им погоди на Зоран Заев, Анѓушев и Шеќеринска, и дека криминалот и корупцијата им ги остава ним, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на зголемување на квалитетот на функционирање на македонското општество.

Вие никогаш не можете да му погодите на Зоран Заев, на Радмила Шеќеринска на Кочо Анѓушев, не можете затоа што едноставно ние сме различни луѓе. Ние не размислуваме како они што размислуваат и јас не претендирам да им погодам на нив, ниту пак претендирам да бидам нивен љубител на ликот и делото, ниту пак нивен обожавател. Јас мислам и сум убеден, да не речам сигурен дека овие луѓе со сето свое знаење, експертиза и професионално минато ќе донесат тоа како голема додаден вредност не само за ВМРО-ДПМНЕ, тие се значајни и за Република Македонија, бидејќи јас сум убеден како што кажав дека идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, а овие луѓе и те како имаат што да кажат за зголемување на квалитетот на функционирање на македонското општество. Не претендирам и апсолутно немам таква намера ниту амбиција, еве просторот на криминал и корупција ќе им го оставам на Заев, Анѓушев, Шеќеринска а ние ќе се фокусираме на овие експерти и луѓе кои што имаат што да дадат, па макар и биле критикувани од страна на Зоран Заев, Анѓушев и Шеќеринска. Па ќе видиме кој е тој кој што ќе понуди подобра иднина за граѓаните, кажа Мицкоски.