-Разговараме со граѓаните ги прашуваме кои се нивните реални проблеми, кои се оние маки кои што ги тиштат и на тоа сакаме да дадеме наш импут и наш одговор, што можеме, што не можеме, потоа првиот столб и најважен, право, правдина и владеење на правото, знаеме како имаме тим кој што работи на функционален концепт, за да можеме тој концепт понатаму да го пресликаме,вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за МАКФАКС.

Тој истакна исто така дека треба да се спроведе дигитализација, Македонија да биде технолошки тигар на Балканот, да се развие економија во вистинска смисла која што ќе обедини и образование и здравство и земјоделие и подобар живот за сите граѓани.