Стоилковски: Зоран Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, не бара нивни оставки

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Членки на Европската Унија посочуваат дека Македонија мора да испорача борба со висока корупција, а Октоподот на власт во Македонија бара можност да бидат забошотени скандалите Рекет1 и Рекет2. Рекет2 е класичен случај на висока корупција, во кој што, според кривичната пријава и сведоштва на оштетената страна, владини функционери спречувале странска компанија да инвестира, да купи домашна компанија, постои сомневање за рекетирање, сомневање дека државни функционери наметнувале кому да биде продадена компанијата, постои сомневање за злоупотреба на позиции и на институции како Обвинителството и на Управата за Финансиско разунавање, поведени чисто од лукративни причини. И истрагата на обвинителството за тоа тапка во место, или молчи иако според законите и според нормите заради јавниот интерес може да информира како тече истрагата и дали во неа се опфатени високи државни функционери.

Згора на тоа, Зоран Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, не бара нивни оставки, не се дозволува колку- толку кредибилна истрага. Додека се на функции влијаат на докази, на сведоци, може да го повторат делото, може да вршат слични злоупотреби врз други компании, на штета на здравјето на граѓаните.  Ниту власта се откажува од нив, ниту пак обвинителството тоа го бара.

Напротив, Заев лично посведочи дека Обвинителството наместо борба со висока корупција, корупција на функционери, ја известува власта за своите сознанија и намери.

Почитувани,

Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче практично ги признаа наводите во кривичната пријава за Рекет2. Признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне- што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење.

Почитувани,

Во недостаток на информации, јавноста со право се сомнева и прашува за месечни транши исплатени за Рекет пред да биде извршена продажбата, се сомнева за рекетирање на бизнисмен по продажбата со барање на дел од исплатените пари од продажбата, се сомнева за вистина постоење на Благајник со Брада во Струмица каде завршувале месечните рекетирани исплати, се сомнева во декларираните намери на Октоподот да предупредат и дека зад тоа стои криминал и корупција.

Ова не е случај кој што може да остане забошотен и без влијание за перцепцијата за државата и за системот, се работи за компанија, Шведски гигант во здравствените услуги, за тоа се запознаени и дипломатскиот кор во земјата, запознаени се меѓународните институции, запознаени се и пишуваат странски медиуми.

Почитувани,

Македонија мора да расчисти со октоподот на власт, мора да се преземат вистински зафати во обвинителството, мора да се урне спрегата на октоподот, бидејќи се друго води кон натамошна девастација и уништување на државата и осиромашување на граѓаните. Потребна е обнова на Македонија. Избори се неопходни за Македонија, фер и демократски избори мора веднаш да бидат распишани.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...