Стојаноска: Ако одиме по изјавите на премиерот до сега кажани па порекнати, не би се осудила да тврдам дека тој прв го пријавил случајот „Рекет“

Во денешната емисија „Само Вистина“, гостуваше и пратеничката Дафина Стојаноска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која посочи дека за случајот „Рекет“ јавноста немаше да дознае доколку не бевме информирани преку италијанскиот медиум кој што ја обзнани веста.

-Случајот „Рекет“ веќе се одвивал уште од минатата година, година и повеќе така што мислам дека не само што е задоцнето туку мислам дека можеби и имало обид да се прикрие. Но ете дали е среќа или несреќа случајот се откри, појасни Стојаноска.

Стојаноска ја запраша Шахпаска од каде е толку сигурна дека премиерот е прв што го пријавил овој случај, бидејќи тоа е само една изјава за медиуми.

-Ако одиме по сите до сега дадени негови изјави кажани па порекнати не би се осудила да тврдам дека тој прв го пријавил овој случај. Во однос на тоа дека јавен обвинител е во притвор, зарем сметате дека тој јавен обвинител не треба да биде во притвор доколку за тоа има сомнение. За секој што има сомнение дека има сторено кривично дело не да е јавен обвинител, и да е претседател на месен, секој апсолутно секој има право да му се овозможи еден правен процес тоа да го докаже или спротивно, додаде Стојаноска.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...