Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го уништува и узурпира Градот, за две недели одлуки за нови 423 партиски вработувања

Соопштение до јавноста

Почитувани,

За еден месец Шилегов донесе одлуки за нови вработувања на 423 партиски војници, и притоа бесрамно говори за стручна и ефикасна администрација.

Додека лее крокодилски солзи за Градската куќа и прави криминална зделка за нејзина продажба, не му е тешко да продолжи со узурпацијата и партиски да вработува.

Имаме превработување и силување на институциите кои се туркаат кон пропаст.

Како тргнал трендот на груба партизација и две згради колку онаа на ЕСМ нема да бидат доволни да ја згрижат гломазната администрација на Шилегов.

Додека краде не заборава и да узурпира.

За само две седници на Советот на град Скопје Петре Шилегов предложи и од владејачкото мнозинство доби одобрение за нови 423 вработувања, од кои 186 директни вработувања во градот Скопје на определено и неопределено време, 73 во Водовод, и околу 170 во ЈСП. Ниту е зголемен обемот на работа на градот и јавните претпријатија, ниту пак Скопјани чувствуваат зголемен квалитет во добивањето на услуги од градот Скопје. Овие партиски вработувања се само згрижување на партиски војници кои ќе бидат на товарот на град Скопје и Скопјани. Информациите говорат дека над 1000 луѓе се вработени за две години владеење на Петре Шилегов. Наместо кон успеси Шилегов е свртен кон узурпирање и криминал.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...