Филипче освен кажувања дека нешто „ЌЕ“ направи и сомнителни тендери не стори ништо за пациентите и медицинскиот персонал

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Венко Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче продолжува со лагите и манипулациите. Повеќе од две години министерување на Филипче поминаа во знакот на сомнителни тендери и распродажба на јавното здравство.

Филипче не направи ништо за пациентите, не направи ништо од ветеното за докторите, а токму ним им вети плата од 100 илјади денари.

Филипче не продолжи со реконструкција на ниту една јавна здравствена установа. Новиот клинички центар не е ниту на повидок.

„Мој термин“ наместо да го надгради направи само да не функционира.

Сега Филипче вели ќе има нови лекови на позитивна листа, а тоа требаше да го направи веднаш по седнување во министерската фотелја.

Филипче освен кажувања дека нешто „ЌЕ“ направи и сомнителни тендери не стори ништо за пациентите и медицинскиот персонал.

Сега му остана само да се фали со една мерка укинување на квоти на лекови, која не се знае како ќе продолжи нејзината реализација.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.