Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како ја коментирате денешната посета на премиерот Заев во велешката фабрика Маркарт?

Одговор: На една година, вусшност влегуваме во изборна година Зоран Заев нема со што друго да се пофали освен со проектите и она што го има направено и оставено ВМРО-ДПМНЕ зад себе. Тоа е една од инвестициите кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ  и јас не се сеќавам, ниту пак министрите на Зоран Заев се сеќаваат на инвестиција, на отворена нова фабрика од Зоран Заев и неговиот тим.

Прашање: Премиерот денеска го повтори ставот дека предвремени избори ќе се одржат 45 дена пред датумот за редовни избори, што е спротивно на вашето барање. Имате ли некаков план за нешто да превземете и како го коментирате тоа?

Одговор: Прво треба Зоран Заев да провери дали 45 дена пред денот, она што би требало да бидат регуларни избори влегува во оној дел на предвремени избори. Да престане да лаже и да престане да ги лаже граѓаните на овие средби кои што ги организира заради нели како што вели добриот рејтинг на партијата. Доколку верува дека има добар рејтинг, верувам дека не би му пречело да организира предвремени парламентарни избори. Но едно е сигурно дека Зоран Заев и неговите лажливи политики губат. Еве ги сведочењата ги слушнавме, нема 300 пилоти во Арачиново, нема ниту канализација во Арачиново, а веќе влегуваме во изборна година.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...