Мицкоски: Зошто во предлогот на власта телефонските разговори не е предвидено да бидат докази, зошто власта го смени мислењето и за каков страв станува збор?

Вечерва гостин во емисијата „24 Отворено“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски посочи дека заложбата на ВМРО-ДПМНЕ е безусловно почитување на законите и Уставот. Охрабрување надлежните органи во државата, органите на прогон, органите во правосудството да расчисти со криминалот. Ама не само да расчисти со криминалот од оние луѓе во кои што постои сомневања дека сториле криминал во период од 2008 до 2015. Да се расчисти и после 2015 година.

Ние велевме порано дека нелегално стекнатите материјали не треба да се користат како докази во минатото, се повикувавме на конвенции, се повикувавме на пракси итн. Знаете дека кој што е доставен првичниот не се нелегално стекнатите материјали докази. Дали некој го истражил зошто тоа е така? Дали е можеби некој политички договор помеѓу некои други политички елити, а не е со ВМРО-ДПМНЕ, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сега во овој документ тие веќе не се докази, но не знае зошто тоа е така токму сега овој период. Претпоставува дека на тоа треба да одговори претседателот на Владата.

Инаку кога зборуваме за принципи ние тогаш и сега велиме нелегално стекнати материјали не можат да бидат користени како докази. Како потврда на ова и она сведочење на г. Верушевски кој што вели дека тој како одговорен за безбедноста во СДСМ добивал определени материјали и истите ги доставувал најпрво до тогашниот претседател г. Црвенковски, а потоа и до г. Зоран Заев. А, се сеќавате на изјавата на Зоран Заев кој што кажа дека овие материјали ги нашол фрлени во двор кај него пред куќа, кој лаже? Кој не ја говори вистината, запраша Мицкоски.

Мицкоски истакна дека целокупната оваа конфузија, целокупниот овој хаос, несериозност која што денес е за жал секојдневие во Македонија е поради оваа влада.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...