Во денешната емисија на „ 24 Отворено“ гостуваше Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој истакна дека тој се чуствува горд што ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во операцијата на распродавање на името.

-Јас се чувствувам горд што ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во таа операција на продавање и распродажба на идентитетот на македонскиот народ и македонската држава, вели Мицкоски.

Тој исто така посочи вели дека ние треба да ги гледаме работите низ призма на многу работа и многу труд, дека не треба да бидеме клиентелисти и материјалисти и да кажуваме дека парите ни се важни, ако треба и кожата ќе си ја продадеме, напротив верува дека работите треба да се гледаат низ вредности и принципи.