Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на гостуањето во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24 истакна дека ќе ги корегира сите грешки на владата во изминатиов период кои се направени на штета на Македонија.

-Ние ќе ги победиме,ќе ја ставиме Македонија на брза трака, ќе бидеме дел од европското семејство , а потоа ќе ги корегираме сите грешки што го направи оваа арамиска власт, вели Мицкоски.

Тој вели дека од целото множество на грешки кои што ги направи владата, целта е да се победи оваа власт, Македонија да биде дел од европското семејство, за да може да се корегираат сите грешки за доброто на сите граѓани.