Како може едни исти 4 невладини да добиваат пари во иста КА, во два последователни повици?

Реакција на Стефан Андоновски во врска со одговорот на Лидија Димова

Кога веќе Лидија Димова го користи веб сајтот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за лични навреди кон мене дека сум бил неук и неискусен (фала за млад), слободно нека одговори:

  1. Зошто сите други Национални агенции ги објавуваат информациите по 2-3 месеци порано од НА на Македонија
  2. Зошто недостасуваат информации за проектите кои не се одбрани, добиени поени, наслови на проекти, теми?
  3. Во која држава во ЕУ судии добиваат пари од Национална агенција?
  4. Да не подучи како се посредува за 10% па се станува Директор на моќна агенција?
  5. Како може едни исти 4 невладини да добиваат пари во иста КА, во два последователни повици?
  6. Зошто за јавна набавка од 50К ЕВРА бара банкарска гаранција, а за повик од 100К ЕВРА не бара?

*бонус прашање* Дали меѓу „надворешните“ евалуатори на НА има избрано: сопружници кои се блиски пријатели на Лидија Димова, активисти на нејзината поранешна (а и на Димитров и Маричиќ) невладина Евротинк, активисти на организации добитнички на илјадници евра грантови?

Ова дека е многу транспарентна – уште едно прашање: Дали вработен во Национална агенција е дел од управен одбор на Здружение кое си добива пари од НА?

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...