Димовски: Да кажувате дека парите се враќаат кај граѓаните е иста онаа лага која СДСМ им ја ветиле на Арачиновци- наместо канализација им ветила авијација

Се зголемуваат данокот на девидендите, на закупнини – значи повеќе се зема пари од граѓаните, зголемен е персоналниот данок, зголемени се акцизите, по тој основ зголемени е и данокот на ДДВ на нафтените деривати. Денеска плаќаме 3.54 денари повеќе за секое литро нафта. Зголемени се придонесите еднаш, а сега од први јануари ќе се зголемат уште еднаш. Цената на водата скоро во сите поголеми градови  е зголемена. Се зголеми цената на јавниот превоз и се направија и две нови патарини за кои државата зема кредит да ги изгради. Се се зголемува, а СДСМ вели парите се враќале кај граѓаните. Да кажувате дека парите се враќале кај граѓаните е исто како она сведочење вчера на сограѓаните од Арачиново, кои што признаа јавно дека пред изборите некои луѓе од СДСМ им ветиле дека за Арачиново ќе има 300 вработувања како пилоти. Тоа не го измислив јас, тоа самите граѓани на Арачиново рекоа дека СДСМ не ветило канализација како што мислевме сите – ветила авијација. Со 300 пилоти само од Арачиново. Затоа велам не само кон овој буџет, туку комплетниот однос на СДСМ не само кон Арачиново, туку и кон Чешиново и кон Стојаково и Велгошти е со потценување, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната седница на која се расправаше за изменување и дополнување на буџетот за 2019 година.

Тој истакна дека и длабоко е разочаран од односот на новата министерката за финансии кон собранието на РМ.

-Уште повеќе сум разочаран од министерката за финансии затоа што вчера два пати ни прочита ист говор што пред 15 дена го читала во комисијата за финансирање и буџет, без да ги спореди новите податоци и бројки. Кога се носат вакви клучни документи, нејзиното отсуство покажува каков е нејзиниот однос и односот на Владата спрема Собранието на РМ, дека е небитно дека пратениците се небитни, нивните дискусии нема да променат ништо. Всушност Владата има намера Собранието да го направи нотарска служба, а не собрание каде ќе се претресуваат и носат одлуки. Министерката го засилува впешатокот дека одлуките не ги носи таа и дека одлуките во министерството за финансии ги носи друг. И тоа всушност значи дека таа нема контрола врз министерството и одлуките кои се носат таму, вели Димовски.

Според Илија Димовски овој буџет е неодржлив, на среден рок, коцкарски, односно хазардерски, неразвоен и стагнирачки буџет. Буџет, како што рече тој, со кој се потценуваат граѓаните на Македонија. Ова е исто како во една куќа една фамилија да се задолжи со хипотека и средствата да ги потроши за луксуз. За саат, за прстен, за годишен одмор, а не да вложи во нешто што ќе значи одржување на куќата. Затоа е коцкарски и хазардерски.

-Неодржлив е затоа што страната на приходите и расходите не е балансирана онака како што треба. Се повеќе се зголемува приходната страна, но не по основ на развоја на економијата, туку по основ на зголемување на задолжувањето на домашниот и на странскиот пазар, а во однос на расходната страна се повеќе и повеќе државата се расфрла на два елементи – на луксуз и поткуп за избори. Клучното прашање госпоѓо заменик министер, дали Вие вака би управувале со домашниот буџет, како што управувате со државниот буџет. Ајде точка по точка. На 18 септември, датумот кога имам последни податоци, реализацијата на даночните приходи на буџетот е 66,7 отсто. Тоа се изворните приходи на буџетот, тоа е она што го создава економијата. Но, планот на владата бил реализацијата на приходите по основ на даноци во тој момент да биде 71,7 проценти. Што значи дека имате потфлање на даночното финансирање на буџетот со 5 проценти. Што претворено во сума е 171 милиони евра помалку остварувате приходи од даноци. Ако таа тенденција се задржи која што ја имате до 18 септември, недостатоци на даночни приходи на буџетот ќе биде најмалку 240 милиони евра.Не гледаме никакви показатели, а деновиве видовме и некои извештаи од УЈП дека нивото на финансирање на буџетот со даночни приходи тенденцијата е надолу. Тоа значи дека од основна дејност не од задолжување државата остварува помалку приходи од колку планирала, вели Димовски.

Државата до сега во овие осум месеци, на домашен и на странски пазар се задолжила со 18,7 милијарди денари. Но, се раздолжила само 9,7 милијарди денари. Односно создала во осум месеци нова должничка дупка од 150 милиони евра. Значи не е точно тврдењето дека СДСМ враќа стари долгови затоа што задолжувањето оди дупло побрзо од раздолжувањето.

-Она што е најфрапантно е дека најголем пад на приходната страна на буџетот во делот на даночното финансирање преставува данокот на добивка. За осум месеци државата требала да оствари 66 отсто од планираните приходи по основ на данок на добивка. Но, реализирала само 54 проценти. Што зборува дека има потфрлање од 12 проценти во данокот на добивка. Или на крајот од годината тоа ќе биде некаде околу 18 проценти потфрлање на приходите по основ на данок на добивка. Ова зборува дека компаниите помалку заработуваат дека компаниите помалку работат, и дека компаниите создаваат помала вредност во РМ. Ова е фрапантен податок на кој вие очигледно не сакате да обрнете внимание. Имате евидентен пад во ИТ индустријата, во градежништвото, во преработувачката индустрија, пад на бројот на вработени во индустријата. Само партиски и фамилијарни луѓе во јавната администрација, рече Димовски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...