Со потпишувањето на Преспанскиот договор ние бевме убедуваме дека само што утре Република Македонија не добила датум за преговори. Помина година и пол од потпишувањето на тој договор а Република Македонија се уште нема датум за преговори, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во денешната емисија И што сега на Македонската телевизија.

Според Данев доколку владата на СДСМ работела на реформите кои што се потребни за влез во Европската унија тогаш до сега Македонија ќе имала датум за преговори, но како што рече тој за жал тоа не е така и тоа го гледаат и граѓаните.
Тоа го кажува и Прибе јасно и прецизно а го кажуваат и високи европски претставници дека на Република Македонија не и се потребни нови законски решенија, Република Македонија има доволно законски решенија кои што се усогласени со европската регулатива. Проблемот е во импементацијата на тие законите, посочи Данев.

Данев истакна дека СДСМ можеби на почетокот имала желба за да спроведе низа на мерки, но и после две и пол години граѓаните виделе дека ништо од она што било ветено од нив страна не било реализирано и само поради тоа има колебање од голем број на европски држави за давање на зелено светло за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската унија.

Желба можеби на почеток имало, но и по две ипол години владеење видовме дека апсолутно ништо од тоа што го ветивте не го реализиравте и затоа е колебањето кај голем број на европски држави за давање на поддршка на Република Македонија за конечно да ги отпочне преговорите или добие датум за преговори со Република Македонија, кажа Данев.