Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена

Соопштение до јавноста

Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена. Три дена надвор од употреба  е блокот 1 во РЕК Битола.

Испаѓањето од употреба на блокот 1 се должи на партизацијата на СДСМ на РЕК Битола. Оваа власт ги премести долгогодишните професионалци кои менаџираа со блокот и на нивно место донесе партиски војници кои ја немаат потребната стручност за да управуваат со блокот.

Само исклучувањето и вклучувањето на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 200.000 евра, дополнително со секој ден не работа имаме 240.000 евра штета.

Поради аматеризмот на власта блокот 1 десетици пати испаѓа од употреба откако СДСМ е на власт. Штетите по државата се огромни.  Парите наместо на нови проекти одат на санирање на штетите од неспособноста на СДСМ.

Очигледно СДСМ скапо ја плаќа обуката на партиските војници па со неколкукратното гасење на блокот 1 сака да ги научи партиските војници како да го исклучуваат и вклучуваат блокот 1. Но очигледно тешко им оди учењето бидејќи на испадите им нема крај.

СДСМ мора да си замине. Државата не е полигон за  вежбање. Парите на граѓаните не се берат од дрво. Аматеризмот во управување  со државните ресурси мора да запре.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.