Голем број на вработени во културата се незадоволни од погубните политики на СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Роберт Алаѓозовски

Криминалната банда на власт продолжува со лагите и манипулациите. Прес конференцијата на најнеуспешниот министер за култура во историјата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски е очаен и во смешен обид да се минимизира значењето на протестот на вработените во културата.

Целта на власта е повеќе од очигледна, целта е да се намали масовноста на протестите кои јасно потврдуваат дека културните работници се незадоволни од погубните политики на СДСМ во културата.

Нивелирањето не ги решава проблемите со платите на културата туку е само шминка за да се покрие отсуството на квалитетни политики и искрени заложби да се реши овој проблем. Нивелирањето на платите не е извршено на ниво на сите дејности во културата, туку единствено во рамките на една дејност што значи дека постојат разлики помеѓу примањата на вработените од една во друга дејност.

Голем број вработени во културата го изразија своето незадоволство во Министерството за култура затоа што оваа нивелација овозможи дискрапанца во покачувањата, еден вработен доби 5% покачување, друг дури 30%.

Јавно го повикуваме Алаѓозовски да престане да ја лаже и манипулира јавноста. Колективниот договор им го ветувате на вработените во културата веќе  три години, од првиот ден кога станавте министер. Јавно ве повикуваме, доколку воопшто постои нацрт текст на Колективниот договор јавно да го објавите, на увид на сите културни работници. Авторите, уметниците, културните работници заслужуваат да бидат слушнати и соодветно да се одговори на нивните потреби и барања.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...