Јанушев од Виница:Оваа криминално рекетарска власт предводена од Заев продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Како дел од караванот „Разговори за обнова на Македонија“ денес сме овде во Виница да ги слушнеме проблемите на граѓаните на Општина Виница, да го нотираме сето тоа, да понудиме решенија за истите, кои што ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.

Од она што имам прилика да го видам денес во Виница од разговорите со граѓаните е дека оваа криминално рекетарска власт предводена од Заев буквално нема реализиран ниту еден капитален проект.

Она што се најдобри, тоа продолжуваат да го прават, а тоа е да продолжат да лажат и да манипулираат со граѓаните.Она што е како еклатантен пример во Виница нешто на што ги добија односно освоија одреден број на гласови на претходните избори е дека ќе го запрат иселувањето е можеби најевидентно токму овде во Виница.Колку е добра целата ситуација во Република Македонија и  колку СДСМ и Заев се на добар пат имаме еден добар пример да видиме токму овде.

Значи градот е скоро празен, народот се иселува.И не се иселуваат само оние што не можат да најдат работа туку се иселуваат буквално луѓе кои што имаат добри работни места се затоа што  во Македонија нити има правна држава, нити има правна сигурност.И тоа е нешто за што ние како ВМРО-ДПМНЕ, како нова влада која што ќе ја формираме после изборите ќе треба сериозно, сериозно да преземеме акција, да преземеме метки.

Она што дополнително го прават е да се фалат и да манипулираат и понатаму со граѓаните.И такви се примерите со пречистителната станица и спортската сала во основното училиште „Славчо Стојменски“ кој што се обидуваат да си ги препишат како проекти кои што тие ги направиле.

Меѓутоа народот е овде паметен знаат значи кој ги почнал, знаат кој ги правел тие работи.И се доволно, доволно на едно ниво за да можат тоа да го препознаат и да знаат на кого треба да ја дадат поддршката.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...