Разбирливо е Заев и Зекири да се плашат од тимот на соработници на Мицкоски, кога од нивна страна има докажани криминалци, мешетари, осуденици и сомнителни ликови

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Мухамед Зекири

СДСМ е на прав пат да ја уништи државата. Деструкцијата на власта резултира со понижена држава, разурната економија, земјоделство на колена, колабирано здравство и разнишано образование.

СДСМ знае граѓаните ја гледаат разликата меѓу криминалниот тим на Заев и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се плаши.

Разбирливо е Зоран Заев и Мухамед Зекири да се плашат од тимот на стратешки соработници на Христијан Мицкоски, кога од нивна страна има докажани криминалци, мешетари, осуденици и сомнителни ликови.

Неспоредливи се соработниците на Заев со тие на Мицкоски.

Од една страна ја имаме Цветанка Ласкова а од друга Игор Дурловски.

Заев се гордее и добива економски совети од осудуваниот Љубе Бошковски, а Претседателот Мицкоски ќе биде советуван од Владимир Дуковски, долгогодишен професор.

Странски советник на Зоран Заев е Александар Обрадовиќ, кој е познат естраден мешетар, за кого медиумите пишуваа дека бил приведуван во САД за време на кражба во шопинг центар, а од друга страна е професорот Хозе Караско.

Од една страна Заев си ги има Сокол и Силвио, за кои постои сомнежи дека и двајцата имаат досие во полицијата, еден за насилство, а Силвио за пукање на припадник на специјалните единици, додека пак во тимот на Мицкоски е Гордана Силјановска, Александар Климовски и Лазар Јовевски.

Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и затоа Заев и Зекири се во паника. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која носи обнова на Македонија, а СДСМ е партија која ја води државата на криминален пат.

Зоран Заев и СДСМ ја буткаат државата во провалија. Граѓаните ја гледаат деструкцијата на СДСМ и затоа сите анкети покажуваат голема предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Зекири знае дека заминуваат во опозиција и затоа е во паника. Доаѓа време за промена на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...