Мисајловски: Оваа влада брзаше да ги затвори сите прашања, не гледајќи ги последиците и интересот на граѓаните

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, во гостување на Телевизија Плус во емисијата „Став“, истакна дека во однос на дипломатијата која што ја води оваа влада е сосема погрешна и празна, затоа што не се грижи за последиците од договорите кои ги потпиша на штета на македонските граѓани.

-Дипломатијата е поставена за едно прашање, наместо да преговараме со идентитет, не сметаат за држава каде со оваа влада може се да се добие, појасни Владо Мисајловски.

-Оваа влада брзаше да ги затвори прашањата како со договор со Бугарија и Преспанскиот договор кои се штетни договори, колку да се рече дека прашањата се затворени, не грижејќи се за интересот на граѓаните или за последиците како што се прашањата на идентитетот, се прифати оваа власт во еден ден, ние треба да имаме најдобра регионална соработка, но не по секоја цена, вели Мисајловски.

Тој вели дека празни ни се пола амбасади и владата не ја интересира економската дипломатоја, ни регионална дипломатија, ниту бара да имаме свои протомори и амабасадори во светот.

-Ние баравме да има реципроцитет во тие договори, затоа што ги правиме за граѓаните, а нашите граѓани се најважни, оваа власт се прифати во еден ден, ниту пак преговараше и се плашам дека сега овие комисии кои ќе бидат актуелни истото ќе го прават, вели Мисајловски

Тој исто така потенцираше дека регионалната соработка не е само да се фалиме колку сме блиски со соседите, треба да имаме и соработка, треба да имаме и подобра економија, но дипломатија во последниве години се сведе само на едно прашање иако се тврдеше дека никогаш нема да се смени името.

-Единствена задача на оваа власт која што беше поставена, можам да ја наречам и модифицирано компромитирана влада, беше само за едно прашање, а тоа е да го смени името на Република Македонија и тоа и го направија, но не гледајќи го она што го губиме, вели Мисајловски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...