Вељаноски побара од Владата измена на закон за игра на среќа и ограничување на отворање на такви простории

Пратеникот Трајко Вељаноски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања посочи дека не е задоволен од податоцит кои ги има добиено како одговор на прашањето за игри на среќа.

Бројките што се во одговорот и се фрапантни. Еве и за јавноста да знае, а и Вие, во што се состои пратеничко прашање. Колку вкупно казина има отворено на територија на Република Македонија, поединечно по градови? Колку вкупно облажувалници има отворено на територија на Република Македонија, поединечно по градови?И колку вкупно автомат клубови има отворено на територија на Република Македонија, поединечно по градови? , дообјасни Вељаноски.

Вељаноски истакна дека во одговорот што е прецизен само ќе прочитам- „Според прегледот на приредувачите на посебни игри на среќа, Владата на Република Македонија има издадено 18 лиценци за приредување на игри на среќа во автомат клуб, 10 лиценци за приредување на игри на среќа за обложувалници, и 5 лиценци за приредување на игри на среќа за казина. Приредувачите на игри на среќа во автомат клубови имаат отворено вкупно 249 деловни простории, приредувачите на игри на среќа за обложувалници имаат 639 деловни простории односно исплатни места“.

Вељаноски побара од Владата измена на закон за игра на среќа, и да се постави ограничување на отворање на простории за игри на среќа.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.