СДСМ одби зголемување од 10% на платите за администрацијата

Интегрален текст од изјава за медиуми – Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите од 10% за администрацијата.

Со одбивање на нашиот амандман СДСМ покажа дека ова минимално зголемување од 5% е само политички маркетинг на власта на чело со СДСМ.

Минималните 5% кои што се предвидени во измените на предлог законот за исплата на плати се само популистичка мерка на СДСМ која што реално нема да го покачи стандардот на вработените во администрацијата.

Доколку намерата на пратениците на СДСМ беше искрена ова покачување на платите ќе беше поголемо и ќе беше прифатен нашиот амандман за зголемување на платите од 10%.

Наместо владата на Зоран Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците.

Покачувањето од 5% претставува потценување на вработените во администрацијата.

Почитувани,

Административците се уште едни во низата  жртви на лагите и манипулациите на СДСМ.

Покачувањето на  платата за јавниот сектор беше ветување кое според СДСМ требаше да се оствари уште од јануари годинава. Денес сме 3-ти октомври и гледаме дека се уште не е реализирано.

Дополнително поради некоординираноста и хаосот кој што го направи власта, веќе трет ден административците немаат земено плата, а во многу институции не се исплатени и редовната непокачена плата.

Владее целосен хаос, а граѓаните се оставени на цедило.

Повторно неодоговрното работење на министрите, во оваа ситуација на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска треба да го покриваат пратениците во Собранието.

Ваквиот однос на Власта кон вработените е некоректен и конечно некој треба да сноси одговорност.

Граѓаните секогаш мора да се на прво место.

Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егзистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ.

Без разлика на тоа што нашиот амандман беше одбиен, ВМРО ДПМНЕ ќе ги подржи овие законски измени и во иднина ќе побара повторно, реално и поголемо покачување на платите.

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...