Процесот за пристапување кон Европската унија и добивањето на датум за преговори со Брисел не треба да се приватизира од СДСМ во тоа учествувале сите, влади и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, рече Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи за пристапниот процесот на Македонија кон Унијата и евентуалното добивање на датум за преговори на гостувањето на телевизија 21.

Според него граѓаните заслужуваат Македонија да почне преговори, но не и да бидат казенти со влада на Зоран Заев. Нелоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ во реформските процеси откако СДСМ е на власт има голем удел.

-Учествувавме во процесот на реформи. Но, имавме низа на настапи на владини претставници кои од минатата година велат дека имаме датум, но датум нема. Оттука е сосема нормално да се има скепса во однос на тоа дали Македонија ќе добие датум за преговори месецов, до крај на годината… И да има датум за преговори не верувам дека ќе биде чист датум, туку ќе биде условено на пример да ги отвориме поглавјата 23 и 24 па пак да се вратиме на прашањето, рече Нелоски.

Тој укажа дека граѓаните треба да сфатат дека и да има датум тоа нема да значи веднаш некоја промена.

-Датумот за преговори со ЕУ не е златен билет кон ветената земја. Реалноста вели дека нема да се смени за жал прависудството, корупцијата….На се ова укажуваат и меѓународните претставници. И да се добие датум како што кажав сметам дека оваа влада на чело со Заев не може да ги спроведе реформите, а ги има многу, има многу работа, рече Нелоски.