Милошоски до Заев: Дали со Биг Мајк разговаравте за вашите лични интереси со оглед на тоа што вашата фамилија е дел од бизнисот со марихуана во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која се поставуваа пратенички прашања, тој истакна дека е незадоволен од одговорот од премиерот Зоран Заев на прашањето дали со Мајк Штраумитис попознат како Биг Мајк договорал законски измени за Законот за одгледување и продажба на канабис во Македонија.

-Поставив пратеничко прашање до премиерот Заев кое гласи вака: Кон крајот на август сте оствариле средба со господинот Мајк Штраумитис познат како Биг Мајк, а пратеничко прашање беше дали дел од темите на разговор беа и можни законски измени за одгледување и продажба на канабис во Македонија, а добив одговор кој што навистина е општ, неконкретен и остава простор за сомнеж на што навистина се однесувала оваа средба на Зоран Заев со светскиот преварант Биг Мајк.

Милошоски истакна дека службата за односи со јавноста на Владата ја криела средбата со Биг Мајк, а за неа граѓаните дознаа од инстаграм профилот на бизнисменот. Владата на вчерашната седница го утврди Предлог

-Законот со кој ќе се дозволи одгледување канабис за медицински цели. Законот чија цел е контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, како и спречување и сузбивање на нивна злоупотреба, ќе биде ставен на јавна расправа. Дополнителното прашање кое го постави Милошоски се однесуваше исто така на средбата на Заев со Биг Мајк. Тој потенцираше дека со оглед на тоа што фамилијата Заеви е дел од бизнисот со марихуана во Македонија, дали можеби Заев разговарал со Биг Мајк за своите лични бизнис интереси.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...