Димовски: По случките со лажниот Порошенко, се докажа само дека постои целосна некоординација помеѓу МНР и Кабинет на Влада

Пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Собрание на Република Македонија денес посочи дека по случките со лажниот Порошенко, се докажа само дека постои целосна некоординација помеѓу МНР и Кабинет на Влада на Република Македонија.

На прашањето дали Владата и МНР преземале нешто во врска со укажувањата на поранешниот украински амбасадор дека некој лажно се претставува како Порошенко, Министерот за надворешни работи во одговор вели – „Во еден од водените службени разговори украинскиот амбасадор предупредил за можноста од злоупотреба на имиња на украински државни претставници за што надлежното лице од МНР и соговорник на украински амбасадор со соодветна интерна постапка и координација по електронски пат ги запознал надлежните и одговорни лица во министерството“, прочита Димовски.

Димовски посочи дека токму овој одговор апсолутно ја лоцира одговорноста во институциите во Република Македонија, заради тоа што министерот за надворешни работи потврдува дека од украинска страна ние сме имале предупредување како држава дека други лица се преставуваат во име на Порошенко.

-Никој од кабинетот на премиерот не постапил по овие укажувања или пак воопшто не ги добиле од МНР. Станува збор за целосно и комплетна некоординација помеѓу МНР и Кабинетот на Премиерот на Република Македонија, нагласи Димовски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...