Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да ја отвори градската куќа за јавноста, и да се стопира криминалната продажба

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара Шилегов Градската куќа која ја продава да ја отвори за јавноста и да имаат можност граѓаните на Скопје и медиумите да се уверат во просторниот капацитет на зградата. Ваквата криминална продажба мора да се стопира.

Се друго е само немо покритие на криминалот на власта.

Шилегов 6 дена молчи да одговори на прашањата поврзани со криминалната продажба на градската куќа.

Следува прва електронска продажба на објект во историјата на државата за кој однапред се знае купувачот за зградата.

Шилегов нема ниту една оправдана причина за продажба на градската куќа освен за свој личен бенефит и интерес.

Шилегов свесно влегува во зделка каде ќе бидат оштетени граѓаните на Скопје. Тој оваа зграда ќе ја продава по поевтина цена од она што е инвестирано одејќи во свесна загуба само со цел да ги оправда процентите и провизиите.

Бонбона бизнисот на Шилегов нема одговор на тоа зошто ќе биде почастен новиот купувач со бесплатно државно земјиште и бесплатни комуналии. И која е причината за продажба на нова градска куќа за неколку децении стара зграда на поранешното ЕСМ.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 годино лаги, криминал, неработа.

 

 

Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...