Николоски: Заев потпиша договори кои што наместо да решаваат, тие создаваат проблеми

Заев потпиша договори со Бугарија и Грција коишто наместо да решаваат проблеми тие создаваат дополнителни проблеми, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Топ Тема на Телма телевизија.

Николоски потенцираше дека во двата меѓудржавни договори и со Бугарија и со Грција, има комисии кои што треба да преговараат за историја и истите стануваат услов за уцени, а покрај тоа се дозволува потпретседател на Бугарија да ги навредува македонските политичари, додека пак на Стево Пендаровски му е срам да се поклони на Гоце Делчев.

– Ова што ни се случува и со Бугарија и со Грција за оваа условеност за пакет, а и изјавата која што денес ја имаме која што е крајно еден потсмев пред се кон држава. Зоран Заев пред се е премиер и вели во однос на посетите се уште е рано да се каже, такво нешто се мисли на средба со Мицотакис, иако господинот Заев често оди во Солун и Халкидики. Вакоо понижување на јавна сцена не знам како поинаку да го протолкувам, изјави Николоски.

Тој истакна дека во исто време имате Каракачанов потпретседател на бугарска влада изјавува македонските политичари се добри Бугари, само на маса и кога пијат ракија и на тоа нема никаков одговор од македонската влада, и додава дека такво нешто е дно на понижување и затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт нема да дозволува такви понижувања.

Нема да дозволиме потпретседател на влада да вели дека македонските политичари се добри бугари само на маса и кога пијат ракија, нити кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател на државата и претходно кога имаше може да се случи ова што се случи со Мило Ѓукановиќ денес да самиот оди да положи цвеќе на Гоце Делчев, да му е срам на претседателот на Македонија да положи венец заедно со црногорскиот претседател пред најголемата историска личност на оваа држава. Тоа е вистината која што за жал денес ни се случува, нагласи Николоски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...