Николоски: Ниту во декември ниту во март Македонија ќе започне преговори, туку ќе имаме датум за датум

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше гостин во Топ тема на Телма каде со Бујар Османи дебатираа околу датумот за преговори, дали Македонија ќе го добие или нема.

Легитимното прашање кое го очекува цела македонска јавност е оваа држава да започне преговори со ЕУ. Почетокот на преговорите е многу битно кога ќе биде, секогаш со сите претходни држави тоа било во истата година кога советот носел одлука. Советот носел одлука во јуни почнувале преговори во декември. Тоа што ние го имаме како информација е дека ниту во декември ниту во март ќе биде и веќе ќе треба да чекаме следен извештај. Затоа што ќе има предуслови, кој што Македонија не може да ги заврши во тој период. И практично во најдобар случај, повторувам, народски за да не сфатат луѓето ќе имаме датум за датум, односно ќе има предуслови кој што Владата ќе треба да ги реализира и дури потоа би почнале преговори и да бидам искрен мислам дека оваа Влада на Заев нема капацитет да го направи тоа, затоа што предусловите меѓу другото ќе бидат и пола Влада да оди на истрага во Јавното обвинителство , затоа што се имплицирани во аферите Рекет 1 и Рекет 2, кои што се објавени рече Николоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...