Административците се уште едни во низата  жртви на лагите и манипулациите на СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Јагода Шахпаска

Административците се уште едни во низата  жртви на лагите и манипулациите на СДСМ. Наместо повисоки плати, административците добија уште едно ЌЕ ветување.

 

Покачувањето на  платата за јавниот сектор беше ветување кое според СДСМ требаше да се оствари уште од јануари годинава. Денес сме 2-ри октомври и гледаме дека се уште не е реализирано.

 

Иако уште на 8-ми јануари беше донесена одлука  за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници,  деновиве сме сведоци како министерката за финансии телефонски ги известувала раководителите во институциите дека платата која е веќе во процедура за да се исплати ќе биде стопирана.

 

Дополнително на тоа  цели девет месеци се доцнеше и со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија кој најпрво беше поднесен  од страна на министерката за труд и социјална политика, а потоа истиот поднесен во собраниска процедура од група пратеници.

 

СДСМ не само што покажа дека воопшто не се грижи за егзистенцијата на администрацијата, туку и хаосот и забуната кои ги предизвика владата преку министерствата, сега се обидуваат да го исперат преку пратениците во собранието.

 

Трета година со ред СДСМ покажува целосна неспособност за водење на институциите во Република Македонија и целосна неспособност за остварување на ветувањата. Единствено што знаат во овие три години е како да прават криминал, да вршат рекет и како да си се грижат сопствените компании и своите најблиски.

 

Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо да си замине оваа криминална и неспособна власт и да започне обновата на Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...