Административците не ги земаа 5% покачување на платата

Интегрален текст од изјава за медиуми – Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Денес сме 2-ри Октомври, а административците не ги земаа 5% покачување на платата. Впрочем и во многу институции не се исплати ни редовната непокачена плата. Владее целосен хаос.

Иако на седницата на Владата на РМ уште на 08.01.2019 година беше донесена Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници, деновиве, девет месеци подоцна, во „5 до 12” министерката за финансии телефонски ги известувала раководителите во институциите дека платата која е веќе во процедура за да се исплати ќе биде стопирана.

Ќе превземе ли одговорност министерката за труд и социјала за несовесното работење и за тоа што цели девет месеци и беше поважно се друго освен егзистенцијата на администрацијата.

Почитувани,

Во редовна собраниска процедура беше пуштен предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија поднесен од страна на министерката за труд и социјална политика беше закажан да се разгледува на комисија на 7ми октомври.

По реакциите за хаосот што го предизвикаа, вчера попладне добивме известување за влегување на истиот закон во собраниска процедура но сега потпишан од група пратеници, во скратена постапка.

До кога непромисленото работење на министрите ќе се покрива преку пратениците во македонското собрание?

Без оглед на се, па дури и во наредната недела да се донесе законската измена, со што ќе се реализира најавеното зголемување, ова е некоректен однос на државата кон вработените и за ова бараме некој од надлежните да сноси одговорност.

Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на некоректниот однос на власта, ВМРО ДПМНЕ ќе учествува конструктивно во предлог измените и ќе побара покачувањето на платите наместо 5 да изнесува 10%.

Наместо владата на Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...